Насер Рауфи
Адвокат Насер Рауфи
40 години адвокатско искуство Лиценца бр. 199 – Именик на Адвокати па Адвокатска комора на Република Северна Македонија
Адвокат Насер Рауфи е еден од најискусните и најугледни адвокати во Република Северна Македонија. Својата адвокатска кариера ја започнува во 1987 година и со речиси четиридецениска континуирана адвокатска пракса, се вбројува во редот на најзначајните фигури во современата македонска адвокатура и правосудство.
Познат по својата правна прецизност и аналитичка конструктивност, стручност, принципиелност и професионална етика, стекнува репутација на еден од најистакнатите стручњаци во земјата, со посебен фокус и специјализација од областа на кривичното право.
Адвокат Рауфи е застапник во бројни високопрофилирани и значајни судски процеси, меѓу кои: „Бродец“, „Мавровски работници“, „Змеј“, „Монструм“, „Пајажина“, „Титаник“, „Диво Насеље“, „Змиско око“, „Патарина“, „Милка“, „Шпион“.
Правна експертиза:
- Кривично право, со специјализација во случаи поврзани со организиран криминал, корупција, тероризам и кривични дела од висока комплексност;
- Граѓанско право, со искуство во имотни и облигациони односи, договорни односи и парнични постапки;
- Управно и работно право, со застапување на физички и правни лица во постапки пред органи на јавна власт и институции.
Покрај успешната адвокатска практика во судниците, својот професионален ангажман адвокат Рауфи го надополнува и низ учество на броојни меѓународни и домашни конференции, семинари и стручни настани, придонесувајќи кон развојот на правната мисла и јакнењето на професионалните стандарди.
Јазични вештини: Адвокат Насер Рауфи течно говори и користи во својата пракса:
Англиски, Француски, Турски, Бугарски, Српски.
