Мирела Дрндар Кочан

Адвокат

Адвокат Мирела Дрндар Кочан
Магистер по правни науки – Финансии и финансиско право
Член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од 2017 година

Адвокат Мирела Дрндар Кочан е родена на 30 октомври 1988 година во Скопје, каде што го завршува своето основно и средно образование. Во јуни 2012 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Уште за време на студиите, стекнува практично искуство преку пракса во Државното правобранителство на Република Северна Македонија. Во септември истата година ги започнува своите постдипломски студии во областа на Финансии и финансиско право, каде што дополнително се усовршува преку пракса во Собранието на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски.

Во јуни 2014 година реализира приправничка пракса во канцеларијата на Адвокат Насер Рауфи, каде се специјализира во областа на кривичното право, со активно учество во подготовка на предмети со висока правна комплексност. Во април 2015 година се здобива со титулата магистер по правни науки, а правосудниот испит го положила во јуни 2016 година.

Од јануари 2017 година е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и работи како самостоен адвокат во рамките на адвокатската канцеларија на Адвокат Насер Рауфи.

Професионални области:

  • Кривично право – нејзина примарна специјалност, со искуство во застапување во сите фази на постапка;
  • Граѓанско право – имотни и облигациони односи, договори, парнични спорови;
  • Управно право – застапување во управни постапки и пред органи на јавна власт и институции;

Во сите области, адвокат Мирела Дрндар Кочан се истакнува со високо ниво на посветеност, стручност и целосна поддршка на правата на своите клиенти.