Магдалена Бошевска

Адвокатски приправник

Адвокатски приправник Магдалена Бошевска

Магистер по правни науки – Казнено процесџно право

Магдалена Бошевска е родена на 06.09.2000 година во Скопје, каде што го завршува своето основно и гимназиско образование.

Во септември 2019 година се запишува на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, насока правни студии.

Во јануари 2023 се стекнува со стручен назив дипломиран правник и истата година во вториот уписен рок се запишува на постдипломски студии на „Јустинијан Први“- Скопје, насока Казнено право – модул Б, каде во рок го завршува полагањето на сите предвидени предмети.

Од фебруари 2023 година до јуни 2024 година е дел од Коалицијата Сите за правично судење како овластен набљудувач на кривични и граѓански постапки, а од септември 2023 година до септември 2024 година е координатор на правната клиника по Казнено право при „Јустинијан Први“.

Во текот на постдипломските студии Магдалена е вклучена во влијателни проекти на невладини организации, комбинирајќи ги академската посветеност со страста за општествени промени, пред сé на полето на правдата и правичноста. Учествува на повеќе школи од областа на природното право, корупцијата и организираниот криминал, каде дополнително го продлабочува своето неформално образование и стекнува сеопфатно пошироко знаење за овие сеприсутни феномени.

Автор е на повеќе трудови од областа на правото, корупцијата, инклузивноста на институциите за лицата со попреченост и правните аспекти на заштитата на личните податоци онлајн.

Во јуни 2024 година се стекнува со академската титула магистер по правни науки од областа на казненото процесно право, а од септември 2024 реализира приправничка пракса кај адвокат Горан Бошевски.