Горан Бошевски
Адвокат Горан Бошевски
Член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од 2021 година
Адвокат Горан Бошевски е роден 1963 година во Скопје, каде го завршува своето основно и гимназиско образование.
Во 1982 година се запишува на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, дипломира во 1986 година. Во текот на 1987-1988 година реализира приправничка пракса како адвокатски приправник во канцеларија на адвокат Петре Џајковски, а во април 1988 година го положува и правосудниот испит.
Горан Бошевски се одликува со богато 38 годишно искуство, поседува висок степен на стручност, сеопфато познавање на правото и неговите институти, особено специјализирајќи во областа на кривичното право.
Правничката кариера ја започнува во 1989 година како стручен соработник на Кривичен Совет и одделение за извршување санкции, се до 1996 година. Во 1996 година е избран за судија на Општински суд Скопје 2 Скопје како истражен судија, која функција ја остварува до 2005 година. Од 2005 до 2007 година е судија во редовна постапка, кривична материја.
Од 2008 до 2021 година е судија на специјализираното судско одделение за гонење на организиран криминал и корупција. Од август 2021 година е самостоен адвокат во адвокатска канцеларија Насер Рауфи.
Правни области на делување:
- Кривично право, застапување во сериозни случаи поврзани со организиран криминал, корупција и нарушување на јавниот поредок;
- Граѓанско право, посебен фокус на облигационо-правните односи
