Борјана Нацевска

Адвокат

Адвокат Борјана Нацевска
Магистер по правни науки – Казнено право
Член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од 2017 година

Адвокат Борјана Нацевска е дел од новата генерација правници која го обединува академското знаење, практичната подготвеност и современиот пристап во вршењето на адвокатската дејност. Родена е на 29 септември 1991 година во Скопје, каде што го завршува своето основно и средно образование. Во јуни 2013 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Истата година ги започнува своите постдипломски студии на истиот факултет во областа на Казненото право, а во септември 2015 година се стекнува со академската титула магистер по правни науки. За време на магистерските студии, реализира правна пракса во адвокатската канцеларија на Адвокат Насер Рауфи, каде се специјализира во кривичната материја и активно учествува во подготовка на предмети со висока правна и фактичка сложеност.

Во февруари 2017 година го положува правосудниот испит, а од април истата година е запишана во Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Северна Македонија. Од тогаш работи како самостоен адвокат во рамките на адвокатската канцеларија на Адвокат Насер Рауфи.

Професионални области:

Адвокат Нацевска обезбедува правна застапеност и советување во широк опсег на правни области, меѓу кои:

  • Граѓанско и управно право – со фокус на имотни односи, договорно право, парнични и управни постапки;
  • Казнено право – со солидна основа во теоријата и практиката, стекната преку магистратура и професионален ангажман;
  • Работно право – застапување во индивидуални и колективни работни спорови, советување во работни односи;
  • Трговско и корпоративно право – основање и организација на компании, внатрешна правна регулатива, деловни трансакции;
  • Недвижности и градежништво – поддршка при купопродажба, правна евиденција, градба и легализација;
  • Даночно право – правна анализа и застапување пред даночни органи;
  • Енергетика и животна средина – усогласување со регулативи, правна поддршка во административни и проектни постапки;
  • Медјиација и алтернативно решавање на спорови – современ, ефикасен и ненасилен начин на решавање на правни конфликти.

Со внимателен, темелен и професионален пристап, адвокат Борјана Нацевска стекнува доверба кај своите клиенти, при што секогаш ги става нивните интереси на прво место. Во своето работење применува високи етички стандарди и континуирано се надградува преку учество на семинари, конференции и професионални обуки.