Медиа

Медиумски настапи и јавни предавања​

Адвокатската канцеларија редовно добива покани за учество на јавни настани, панел-дискусии, едукативни трибини и медиумски гостувања од страна на различни здруженија, професионални асоцијации и медиуми. Како дел од нашата заложба за општествена одговорност и промоција на правната култура, со задоволство ги прифаќаме ваквите покани.

Преку овие настапи, нашите адвокати имаат можност да го споделат своето знаење, практично искуство и стручност со пошироката јавност, со цел да придонесеме кон подобро разбирање на правото и правниот систем. Веруваме дека правната едукација е клучна за градење на правично општество, и затоа со посветеност одговараме на секоја покана за учество.